Кошарка

Трет пораз на македонските кадетки на ЕП во Скопје

Трет пораз на женската кадетска селекција на Македонија во рамките од Б дивизијата на Европското првенство за кошаркарски до 16 години што се одржува во Скопје.

 

Избраничките на Стојна Вангеловска, вечерва се совладани и од соодветната селекција на Ирска со 54:72 по четвртини 18-13, 15-24, 16-17 и 5-18 во меч од 4.коло на Б групата.

Иако речиси три четвртини нашите кадетки беа рамноправни, а на моменти и подобри од противникот, сепак во последната четвртина одиграа лошо пред се во нападот.

Во последните 10 минути црвено-жолтите постигнаа само 5, а противникот дури 18 поени, па поразот беше неизбежен.

Најефикасна во нашата репрезентација беше Тијана Митрева со 22 поени, додека Матеја Николиќ постигна 15.

Потсетување дека во првите два меча Македонија беше поразена од Украина и Словенија, по што следуваше убедливата победа над Молдавија.

Во последната рунда од групната фаза избраничките на нашите млади кошаркарки, утре од 18:45 часот ќе играат против Белгија која вечерва го игра мечот со Словенија.

Табела: Украина 3-1 (победи-порази), Белгија 3-0, Словенија 2-1, Ирска 2-2, Македонија 1-3 и Молдавија 0-4.