недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 92
home Кошарка

Трет пораз на Кливленд во серија

Трет пораз на Кливленд во серија
SALT LAKE CITY, UT - DECEMBER 30: on December 30, 2017 at Vivint Smart Home Arena in Salt Lake City, Utah. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and or using this Photograph, User is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2017 NBAE (Photo by Melissa Majchrzak/NBAE via Getty Images)

Кошаркарите на Кливленд го забележаа и третиот пораз по ред откако ноќеска загубија на гостувањето кај Јута со 104:101. Ова за Леброн Џејмс и неговите соиграчи е вкупно 12-ти пораз сезонава.

Најпрецизни на дуелот беа Џејмс (Кливленд) и Донован Мичел (Јута), двајцата постигнаа по 29 поени. Воедно ова е шеста последователна победа на Јута против Кливленд.

На триумф на домашен терен се радуваа играчите на шампионот Голден Стејт. Со враќањето на Стеф Кари во тимот совладан беше Мемфис со 141:128, а Кари на деветти натпревар во кариерата постигнува 10 тројки.

Пораз на гости од фаворитите забележа Сан Антонио кој загуби од Детроит со 93:79, додека Кристапс Порзингис го предводеше Њујорк до минимален триумф протиф Њу Орлеанс. Седум од своите 30 поени ги постигна во последните 90 секунди за победа на Њујорк од 105:103.