Кошарка

Трајковски и Маслинко го засилуваат МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром постигна договор со уште двајца македонски репрезентативци (сениорски и јуниорски): Бојан Трајковски (30 години, 208 сантиметри) и Андреј Маслинко  (20 години, 208 сантиметри).

Двајцата играчи ќе треба да бидат едни од главните играчи под кошевите во играта на новиот тренер Александар Тодоров во претстојната сезона.

Трајковски минатата сезона настапуваше за Карпош Соколи, а претходно има играно и за Балкан стил, Работнички, Фени индустри, Торус, Лирија, Куманово како и за полскиот Чарни Слупск и косовска Приштина. Маслинко, пак, доаѓа од таборот на Работнички, а има настапувано и за италијанскиот младински тим Стела Азура.

„Аеродромци во новата сезона ќе настапуваат во АБА-лига со 12 екипи, како и во домашното првенство. Оваа сезона МЗТ Скопје почнува од самиот старт во домашната лига за разлика од лани кога во првиот дел од шампионатот не играше поради настапот и во Еврокупот.