Кошарка

Стартот на НБА лигата за него беше хорор

Кошаркарот на Бостон Селтик, Гордон Хејворд, по само 7 минути на мечот со Кливленд заработи потешка повреда на зглобот која на подолг период ќе го извади надвор од НБА арените.

Тој во јули потпиша четиригодишен договор со Селтик во висина од 128 милиони долари и требаше да биде еден од лидерите на тимот. Кливленд успеа да победи со 102-99, а Леброн Џејмс беше најефикасен со 29 поени, 16 скока и 9 асистенции. Во составот на Бостон, Браун постигна 25, Ирвинг 22.

Во вториот меч на отворањето на новата сезона, Хјустон го изненади шампионот Голден стејт победувајќи го на негов терен со 122-121.

Во победничкиот тим се издвои Џејмс Харден со 27 поени додека Кари кај Голден стејт постигна 22 коша.