Кошарка

Србија преку Италија до полуфиналето на Евробаскет

Репрезентацијата на Србија се избори за полуфинале на континенталниот кошаркарски шампионат откако синоќа во Истанбул ја совлада Италија со 83:67.

Српските кошаркари клучната предност ја направија во втората четвртина која ја завршија со плус 10 (26:16), разлика што с епокажа недостижна за италијанскиот состав.

Најефикасен во победничкиот тим беше Богдан Богдановиќ со 22 поени, кај Италија Марко Белинели стигна до 18 поени.

Противник на Србија во полуфиналето ќе биде селекцијата на Русија. Овој дуел ќе се игра утревечер со почеток во 20:30 часот.

Вечер во истиот термин (20:30) во Истанбул во првото полуфинале ќе играат досега двете непоразен на ЕП, репрезентациите на Шпанија и на Словенија.