Кошарка

Шампионот Кливленд одново поразен, Оклахома го доби дербито со Сан Антонио

Детроит му го нанесе 21-от сезонски пораз на шампионот Кливленд и трет во низа, додека Оклахома беше поуспешна од Сан Антонио во два од петте натпревари во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четврток и петок.

Предводник во триумфот на Оклахома вообичаено беше Расел Вестбрук кој стигна до нов „трипл-дабл“, 31-ви оваа сезона. Тој запиша 23 поени, 13 скокови и 13 асистенции.

„Трипл-дабл“ (29 поени, 13 скокови и 10 асистенции) направи и Леброн Џејмс, но тоа не му помогна на Кливленд на гостувањето во Детроит да ја прекине серијата порази.

Резултати:
Детроит – Кливленд 106:101,
Мемфис – ЛА Клиперс 98:114,
Оклахома – Сан Антонио 102:92,
Портланд – Филаделфија 114:108 (по продолжение) и
Феникс –ЛА Лејкерс 110:122.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 52-12, Сан Антонио 50-14, Хјустон 44-21, Јута 41-24, ЛА Клиперс 39-26, Мемфис 36-29, Оклахома Сити 36-29, Денвер 29-35,…

Плсман Источна конференција: Кливленд 42-21 (победи-порази), Бостон 41-24, Вашингтон 39-24, Торонто 38-26, Атланта 35-29, Индијана 33-31, Детроит 32-33, Чикаго 31-33