Кошарка

Сан Антонио се изедначи со Голден Стејт

Екипата на Сан Антонио ноќеска ја забележа единаесеттата победа на последните дванаесет натпревари во НБА лигата и се изедначи на врвот на табелата во Западната конференција со Голден Стејт. Сега двата тима имаат по 52 победи и 14 порази.

san antonio

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Шарлот – Чикаго 109:115,
Торонто – Далас 100:78,
Мемфис – Милвоки 113:93,
Минесота – Вашингтон 119:104,
Сан Антонио – Атланта 107:99,
Јута – ЛА Клиперс 114:98,
Денвер – ЛА Лејкерс 129:101,
Сакраменто – Орландо 120:115.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 52-14 (победи-порази), Сан Антонио 52-14, Хјустон 46-21, Јута 42-25, ЛА Клиперс 40-27, Оклахома Сити 37-29, Мемфис 37-30, Денвер 32-35,…

Пласман Источна конференција: Кливленд 43-22 (победи-порази), Бостон 42-25, Вашингтон 41-25, Торонто 39-28, Атланта 37-30, Индијана 34-32, Детроит 33-33, Милвоки 32-34