Кошарка

Сан Антонио дојде до победа иако имаа негатива до 28 разлика

Екипата на Сан Антонио ја забележа 50. победа во НБА лигата оваа сезона. „Спарс“ ноќеска на домашен терен беа подобри од Сакраменто, иако во еден момент имаа негатива од 28 поени.

Најефикасен во победничкиот состав беше Ману Џинобиле со 19 поени.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Орландо – Чикаго 98:91,
Атланта – Бруклин 110:105,
Мајами – Шарлот 108:101,
Хјустон – Јута 108:115,
Индијана – Детроит 115:98,
Милвоки – Њујорк 104:93,
Минесота – ЛА Клиперс 107:91,
Њу Орленс – Торонто 87:94,
Сан Антонио – Сакраменто 114:104,
Денвер – Вашингтон 113:123 и
Голден Стејт – Бостон 86:99.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 52-12, Сан Антонио 50-13, Хјустон 44-21, Јута 41-24, ЛА Клиперс 38-25, Мемфис 36-28, Оклахома Сити 35-29, Денвер 29-35,…

Плсман Источна конференција: Кливленд 42-20 (победи-порази), Бостон 41-24, Вашингтон 39-24, Торонто 38-26, Атланта 35-29, Индијана 33-31, Детроит 31-33, Чикаго 31-33,…