Кошарка

Романецот Мандачеа втор кошаркар со „трипл-дабл“ во историјата на ЕП

Репрезентативецот на Романија Андреј Мандачеа на дуелот со Црна Гора одигран вчеравечер во 5.коло од групната фаза на Евробаскет 2017 постигна 14 поени, надополнети со 11 асистенции и 10 скока и стана втор играч со остварен „трипл-дабл“ во историјата на Европските првенства.

Претходно тоа му успеало на легендарниот хрватски кошаркар, Тони Кукоч кој во 1985 година на дуелот со Финска забележа 15 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Сепак, ниту „трипл-даблот“ на Мандачеа не беше доволен, Романија да го избегне поразот од Црна Гора која победи со 86:69.