Кошарка

Пресврт: Ја истепа па ја тужи, еве зошто

По скоро две недели од инцидентот кој се случи помеѓу Милица Дабовиќ и нејзиното поранешно момче Симон Сиклиќ, страстите никако да се смират.

Всушност, ако се суди според тоа како стојат работите, крајот на оваа драма не е ни навидум блиску. Откако Милица го пријави Симон во полиција и покрај тоа што му е одземен пасошот, поради што и не може да ја напушти земјата, он одлучи исто така да поднесе пријава.

Симон одлучи да ја пријави Милица поради тоа што ја променила бравата на вратата од заедничкиот стан.

Меѓутоа, прво истакнал дека станува збор за станот кој тој  ѝ го купил и подарил на Милица.

milica-dabovic-1-520x529

-Тоа е мој, мој стан. Јас го платив и ѝ  го подарив на неа, бидејќи ја сакав и сакав сè да ѝ дадам. Ни самиот не се снаоѓам со тие тужби, противтужби… Само сакам да си ги земам своите работи од станот. Не ме интересира тој стан, нека ѝ е со среќа, ако тоа нешто ѝ значи во животот. Станот го купив за неа, како и милијарда останати работи. Нејзе и на никој друг. Може гордо да го отвори својот ормар, изјави Симон.

Тој уште кажа дека не сака повеќе да ја види ниту да разговара со неа.

-Сè што кажа против мене се најгрди лаги. Колку и да си повреден не можеш да кажуваш такви работи. Не можеш да изнесуваш монструозни лаги и изјави кои немаат покритие, ниту пак имаат позадина. Зошто би се смирувале? Поради што?, објасни Симон.

На прашањето дали некогаш би се смирил со неа тој одговорил:

-Никогаш. Ни во најлудите соништа.