Кошарка

Почнува четвртфиналната фаза на Евробаскет 2017

Во Истанбул, Турција за денеска и утре е предвидено да се одиграат натпреварите од четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство.

Денеска ќе настапат единствените непоразени во досегашниот тек на Евробаскетот, бранителот на трофејот Шпанија и селекцијата на Словенија.

Распоред за денес:
17:45 часот Германија – Шпанија
20:30 часот Словенија – Летонија.

Утре (13 септември) на програмата се другите две четвртфиналиња:
17:45 часот Грција – Русија
20:30 часот Србија – Италија.

Победниците од двата дена ќе играат меѓу себе во полуфиналето.