Кошарка

Победа за Бостон, пораз за Сан Антонио

Во НБА лигата ноќеска се одиграа 10 натпревари. Лидерите во двете конференции имаа слободен ден додека второпласираните на Западот и на Истокот имаа различен ефект.

boston

Бостон кој е втор во Источната конференција ја запиша 43.победа, додека Сан Антонио на домашен терен загуби од Портланд бележејќи го 15.пораз оваа сезона.

Постигнати резултати:
Индијана – Шарлот 98:77,
Вашингтон – Далас 107:112,
Бостон – Минесота 117:104,
Детроит – Јута 83:97,
Мајами – Њу Орлеанс 120:112,
Чикаго – Мемфис 91:98,
Хјустон – ЛА Лејкерс 139:100,
Сан Антонио – Портланд 106:110,
Феникс – Сакраменто 101:107 и
ЛА Килерс – Милвоки 96:97.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 53-14 (победи-порази), Сан Антонио 52-15, Хјустон 47-21, Јута 43-25, ЛА Клиперс 40-28, Оклахома Сити 38-29, Мемфис 38-30, Денвер 32-35,…

Пласман Источна конференција: Кливленд 44-22 (победи-порази), Бостон 43-25, Вашингтон 41-26, Торонто 39-28, Атланта 37-30, Индијана 35-33, Милвоки 33-34, Мајами 33-35, Детроит 33-35.