Кошарка

Победа на МЗТ Скопје против Шкупи

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром забележа рутинска победа во дуелот против Шкупи, дебитант во прволигашката конкуренција.

На средбата одиграна попладнево во СЦ „Јане Сандански“ кошаркарите на МЗТ Скопје го победија Шкупи со 97-71 по четвртини, 20-12, 30-24, 26-17 и 21-18.

До првата победа во домашното првенство, аеродромци ги предводеа Дабиел Џенсен со 21 поен и Андреј Маслинко кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 16 поени и 12 скокови.

Потсетување, дека во првото коло МЗТ беше поразен од составот на Карпош Соколи.

Во следното коло МЗТ Скопје ќе гостува кај Струмица во среда (25 октомври), откако два дена претходно (понеденик, 23 октомври) ќе го одигра дуелот од АБА лигата против Цибона во Скопје.