Кошарка

МЗТ со убедлива победа над Фени стартуваше во домашната Супер лига

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва остварија победа на последниот дуел од 1.коло од Супер лигата.

 

mzt feni

Тие на домашен терен го совладаа тимот на Фени Индустри со 86:59 (21:15; 20:14; 20:11 и 25:15) и со тоа му реваншираа на денешниот противник за поразот во полуфиналето на Купот на Македонија.

Најефикасен на натпреварот беше Ѓорѓе Дреновац од МЗТ Скопје со 22 поена.

На другите два дуела од првото коло: Карпош Соколи – Работнички 94:90 (одиграно вчера) и Куманово – Кожув 108:103 по продолжение (одиграно во саботата).