Кошарка

МЗТ Скопје домаќин на Цибона

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ја пречека загрепска Цибона во последниот натпревар од 5.коло на регоналната кошаркарска АБА лига.

Аеродромци ќе се обидат да врзат две победи, откако во претходната рунда на гости ја победија Игокеа.

Натпреварот МЗТ Скопје А. – Цибона ќе се игра вечерва од 21 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Претходно (18 часот) својот меч од оваа рунда ќе го одиграат ФМП и Задар.

На средбите кои се играа изминатиов викенд, беа постигнати следниве резултати: Будуќност – Мега 84-64, Петрол Олимпија – Морнар 64-67, Партизан – Игокеа 117-104 и Цедевита – Црвена звезда 79-74.

МЗТ Скопје во моментов е на претпоследното (11.место) со две победи и исто толку порази, идентичен учинок како и вечерашниот противник Цибона, која е на 10-та позиција, односно тимот на ФМП кој е на 9-тото место.

Со победа МЗТ може да се пробие дури на петтата позиција, зад Црвена звезда, Партизан и Цедевита кои имаа скор 3-2 (победи-порази).