Кошарка

МЗТ го победи Левски во Софија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до втората по ред победа во подготовките за новата сезона, откако вчеравечер во Софија, го совладаа тимот на Левски со 78:67.

Даниел Џенсен со 20 поени беше најефикасен во редовите на македонскиот шампион Ерик Гарсија постигна 14, Јуре Лалиќ 11, а Адем Мекиќ реализира 10 поени. Брет Бејли зсврши со 9 поени, а Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски беа стрелци на по 7 поени.

Аеродромци денес ќе одиграат уште еден меч во Софија и тоа против бугарскиот шампион Лукоил Академик (18 часот).

Од клубот информираат дека пресметките со Крајова закажани за в петок и сабота нема да се одиграат односно се одложени во заеднички договор на двете екипи. Наместо тоа, МЗТ Скопје Аеродром закажа дуел со грчки Арис предвиден да се игра на 18 септември (понеделник) во Солун.