Кошарка

МКФ ќе го организира вториот турнир за девојчиња до 14 години

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) повторно ќе организира турнир за најмладите кошаркарки, односно за девојчиња на возраст до 14 години.

turnir

Осум екипи настапија на првиот турнир кој МКФ успешно го организираше во Скопје, а според најавата вториот ќе биде организиран во Струга или во Вевчани.

Според најавата на официјалната интернет страна на федерацијата, турнирот треба да се одржи во последниот викенд месецов, односно на 29 и 30 април.

Клубовите кои се заинтересирани мора да го потврдат учеството на турнирот најдоцна до петок (21 април 2017 година), во канцаларијата на федерацијата.

Сите трошоци за официјалните лица како и за сместување на екипите ќе бидат покриени од страна на МКФ, а клубовите учесници ги покриваат трошоците за патување и за храна, информираат од МКФ.

На првиот турнир, екипата на Струга 2009 го подигна победничкиот трофеј откако во финалето беше подобра од битолски Пелистер.