среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 18
home Кошарка

Мекејлеб повторно на списокот на Давитков

Мекејлеб повторно на списокот на Давитков

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков денеска го објави поширокиот список на кошаркари повикани за вториот прозорец во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021. Меѓу 23-та е и Лестер Бо Мекејлеб.

Повик од Давитков добија следниве играчи:
1. Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
2. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
3. Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
5. Адем Мекиќ (Куманово)
6. Бобан Стајиќ (Куманово)
7. Андреј Магдевски (Гостивар)
8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
9. Димитар Караџовски (Куманово)
10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
11. Диме Тасовски (Гостивар)
12. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
13. Марко Симоновски (МЗТ Скопје Аеродром)
14. Кирил Николовски (Работнички)
15. Ѓорѓи Чековски (Работнички)
16. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
17. Бојан Крстевски (Работнички)
18. Александар Штерјов (Куманово)
19. Марјан Јанески (Куманово)
20. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
21. Ричард Хендрикс (Галатасарај)
22. Лестер Бо Мекејлеб (Сарагоса)
23. Џордан Теодор (Армани Милано)

Во рамки на овој прозорец Македонија ќе одиграме само еден натпревар, на домашен терен, против селекцијата на Словачка која во првиот прозорец ја совлада на гостински терен со 74:66. Натпреварот ќе се одигра на 25 февруари во спортскиот центар „Јане Сандански“.