Кошарка

Мега трејд ја здрма НБА: Кајри Ирвинг е нов играч на Бостон, Кливленд добива 4 играчи!

Американските медиуми ова утро јавуваат дека Кајри Ирвинг има нов клуб.

Угледниот „ЕСПН“ поддржан од „Спотсцентар“ ексклузивно соопшти дека Кајри Ирвинг е нов играч на Бостон Селтикс откако е договорен исклучително луд и бомбастичен трејд, во кој верувале или не, Кливленд ќе добие дури четворица играчи.

Тоа се најдобриот играч на Бостон, Ајзеа Томас,  потоа Џо Краудер, Анте Жижиќ и првиот пик на драфтот на Бруклин нетс. Оваа размена експесно одекна како „бомба“ во целокупната американска спортска јавност, а истата ќе добие дополнително на атрактивност уште во првото НБА коло кое ќе биде отворено токму со пресметка меѓу Бостон и Кливленд.