Кошарка

Кливленд триумфира на гостувањето кај ЛА Лејкерс

Кошаркарите на Кливленд ноќеска остварија победа на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 125:120, а триото на шампионот Кајри Ирвинг, Леброн Џејмс и Кевин Лав постигнаа повеќе од 100 поени (101).

klivlend

Ирвинг беше најдобар стрелец на дуелот со 46 поени, Џејмс постигна 34, а Лав 21. Во редовите на ЛА Лејкерс Д‘Анџело Расел „уфрли“ 40 поени.

Најефикасен на дуелите одиграни ноќеска беше Дамјан Лилард од Портланд кој постигна 49 поени (9 тројки) и ја предводеше својата екипа до победа на гости кај Мајами.

Резултати на ноќешните дуели:
Бруклин – Далас 104:111,
Филаделфија – Бостон 105:99,
Детроит – Феникс 112:95,
Њу Орлеанс – Минесота 123:109,
Торонто – Индијана 116:91,
Мајами – Портланд 104:115,
Сан Антонио – Сакраменто 118:102 и
ЛА Лејкерс – Кливленд 120:125.

Пласман Источна конференција: Кливленд 46-23 (победи-порази), Бостон 44-26, Вашингтон 42-27, Торнто 41-29, Атланта 37-32, Индијана 35-34, Милвоки 34-35, Детроит 34-36, Мајами 34-36,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 55-14, Сан Антонио 53-16, Хјустон 48-22, Јута 43-27, ЛА Клиперс 41-29, Оклахома Сити 40-29, Мемфис 40-30, Денвер 33-36