Кошарка

Карпош Соколи први полуфиналисти на Лимак купот

Кошаркарите на Карпош Соколи се првите 1/2 финалисти во Лимак Купот, откако во првиот натпревар од фајнал 8 турнирот кој се игра во Кавадарци го совладаа Вардар со 92:84.

Најефикасен во таборот на Соколите беше Бојан Трајковски со 20 уфрлени поени.

Во 15:30ч. се среќаваат Фени Индустри и Охрид.

Од 18ч. во дербито на рундата ќе се сретнат Работнички и Куманово, а ¼ финалната понуда ќе се затвори со дуелот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Кожув кој е со почеток во20:30ч.