Кошарка

Хјустон подобар од првакот Кливленд

Кошаркарите на Хјустон ноќеска остварија победа над првакот Кливленд во натпревар со пресврти. Откако Хјустон ја доби првата четвртина во вторта Кливленд постигна 41 поен и го презеде водството кое го имаше до пред крајот на третиот период. Хјустон во третата четвртина одигра добра одбрана и прими само 19 поени, со што успеа да поведе и со тоа да оствари триумф.

Најдобар играч на натпреварот беше Џејмс Харден со 38 поени, 10 скокови и 11 асистенции, кај Кливленд Леброн Џејмс постигна 30 поени, а Кајри Ирвинг 28.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Бостон – Чикаго 100:80,
Бруклин – Њујорк 1201:112,
Индијана – Мајами 102:98,
Хјустон – Кливленд 117:112,
Феникс – Портланд 101:110 и
ЛА Лејкерс 116:118.

Пласман Источна конференција: Кливленд 43-22 (победи-порази), Вашингтон 41-24, Бостон 42-25, Торонто 38-28, Атланта 37-29, Индијана 34-32, Детроит 33-33, Милвоки 32-33,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 52-14, Сан Антонио 51-14, Хјустон 46-21, Јута 41-25, ЛА Клиперс 40-26, Оклахома Сити 37-29, Мемфис 36-30, Денвер 31-35,…