вторник, 17. јули 2018. Вести денес: 91
home Кошарка

ФОТО: Поранешната сопруга на Пеце Наумоски навива за неговиот противкандидат

ФОТО: Поранешната сопруга на Пеце Наумоски навива за неговиот противкандидат

Веќе е повеќе од јасно дека најсериозниот кандидат за смена на Петар Наумоски од позицијата претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) е неговиот поранешен репрезентативен соиграч Владо Илиевски, кој денеска доби навистина неочекувана поддршка.

Станува збор за поранешната сопруга на популарниот Пеце, Сања Обрадовиќ, која во коментар на Фејсбук отворено ја поддржа амбицијата на Илиевски прво да го смени, а потоа и наследи човекот со кого до неодамна беше во брак. Таа сега е во врска со поранешниот ракометен репрезентативец, Ренато Вугринец, а со Наумоски, со кого има два сина кои се талентирани кошаркари, не е во добри односи што и ја објаснува нејзината поддршка за директниот конкурент на поранешниот сопруг, пишува спортскиот портал Спорт1.

-Поддршка за Владо. Браво!, напиша некогашната госпоѓа Наумоска во коментар на текст во кој Илиевски објавува дел од своите планови за влез во МКФ.