Кошарка

ФОТО: Македонија со победа над Косово во претквалификациите за СП

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација се избори за клучната победа против Косово во третото коло од претквалификацискиот турнир за пласна на следниот Мундијал.

Избраниците на Давитков ги победија косовските кошаркари со 87:74, триумф од 13 разлика, доволен ни беше и од пет разлика.

Ова значи дека доколку Македонија победи против Естонија во четвртото коло со сигурност ќе ги мине претквалификациите и ќе се пласира на квалификацискиот турнир во Кина.

Првата четвртина им припадна на косовските репрезентативци со 22:19. До крајот на полувремето, Косово ја задржа предноста во своја полза, односно на пауза замина со резултат од 41:40.

Клучна во нашата победа беше третата четвртина во која македонските репрезентативци постигнаа 10 поени повеќе од противникот. 

Џордан Теодор со 24 поени беше најефикасен во македонскиот тим, а Костовски постигна 16.

Македонија претквалификацискиот циклус ќе го заврши в среда на гостувањето во Талин кај Естонија.