Кошарка

Формирани четвртфиналните двојки на Евробаскет 2017

По одигрувањето на последниот осминафинален дуел меѓу Хрватска и Русија синоќа во Истанбул познати се сите четвртфинални двојки на Европското кошаркарско првенство.

Последни место меѓу осумте најдобри обезбедија Русите кои со убедливи 101:78 ја совладаа Хрватска.

Во четвртфиналето ќе играат:

12 септември (вторник):
17:45 часот Германија – Шпанија
20:30 часот Словенија – Летонија

13 септември (среда):
17:45 часот Грција – Русија
20:30 часот Србија – Италија.

Победниците од двата дена ќе се сретнат во полуфиналето.