Кошарка

Фени Индустри го совлада Теодо во првиот четвртфинален меч во БИБЛ-лигата

Кошаркарите на Фени Индустри го добија првиот меч против Теодо во рамките од четвртфиналето на регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ).

На натпреварот одигран вечерва во салата „Јасмин“ во Кавадарци, екипата на Фени Индустри го победи црногорскиот претставник во БИБЛ, Теодо со 100-97.

Најефикасен во редовите на кавадаречката екипа беше Матија Чешковиќ со 39 поени, додека Бранислав Џекиќ  средбата ја заврши со 18 поени.

Реванш натпреварот ќе се игра во Тиват по седум дена, а доколку Фени загуби тоа не смее да биде со поголема разлика од денешните 3 поени со колку што оствари триумф.

Утре, во терминот 19 часот, гевгелиски Кожув му гостува на косовскиот тим Пеќ.

Македонија веќе има полуфиналист во БИБЛ-лигата и тоа во екипата на Куманово, која како и бугарскиот тим Берое директно обезбеди пласман во полуфиналната рунда, како најдобро пласирани екипи од своите групи.