Кошарка

Дербито Работнички – МЗТ Скопје во сабота од 18 часот

Големото македонско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во сабота 22 април со почеток од 18 часот.

Ова е дерби натпревар од 8. коло Супер лига, во кое и другите две средби ќе се играат во истиот термин (18 часот).

Покрај средбата во салата „Градски парк“, во Скопје ќе се игра и мечот меѓу Карпош Соколи и Куманово, додека во Кавадарци, екипата на Фени Индустри ќе биде домаќин на гевгелиски Кожув.

Во пресрет на последните три кола засега единствено сигурен учесник во полуфиналето е актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, додека на Карпош Соколи му е потребна само уште една победа.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 14 бода, Карпош Соколи 12, Работнички 11, Кожув 9, Куманово 9 и Фени Индустри 8.