вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 77
home Кошарка

Давитков се враќа во Кувајт

Давитков се враќа во Кувајт

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков по пауза од седум години, повторно ќе работи во Кувајт.

Давитков преку својот Фејсбук профил објави дека во новата 2018 година ќе работи во Кадсиа.

– Нова година – нов клуб… или можеби стар. Кадсиа Кувајт повторно по седум години, напиша македонскиот селектор.

Тој беше дел од истиот клуб од 2008 до 2011 година, и со него освои шест титули, од кои три шампионски на Кувајт, еден Куп на Кувајт и еден шампион на ГЦЦ.

– Се надевам дека тоа ќе го направиме уште еднаш, објави Давитков на Фејсбук.