Кошарка

Дарко Соколов нов играч на МЗТ Скопје Аеродром

Дарко Соколов е новото засилување за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Соколов повеќе не е член на вицепрвакот Карпош Соколи.

Искусниот Соколов, кој е повратникот во македонската репрезентација, официјално е првиот од низата кошаркари кои најавија заминување од тимот на Карпош Соколи.

Меѓу останатите се споменува и името на уште еден репрезентативец, Кирил Николовски, за кого е заинтересиран Работнички.

Останува само формално да се официјализира договорот меѓу МЗТ Скопје и Соколов кој беше дел од тимот од Аеродром во сезоната 2009 година.