Кошарка

Антиќ повторно го облече „црвено-белиот дрес“

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и трикратен освојувач на Евролигата Перо Антиќ потпиша едногодишен договор со првакот на АБА лигата Црвена Звезда.

Оваа вест вечерва ја потврди и официјално клубот откако информираше на својата интернет страница. Претходно српските медиуми го најавија овој трансфер.

За Антиќ ова ќе биде враќање во тимот на Црвена Звезда откако претходно во својата кариера две сезони (2006 и 2007) го носеше „црвено-белиот дрес“. Антиќ во својата кариера има освоено три титули во Евролигата (две со Олимпијакос и една со Фенербахче), а во две сезони го носеше и дресот на НБА лигашот Аталанта. 210-сантиметри високиот Антиќ може да игра на две позиции: крилен-центар и центар.