Кошарка

Американецот Кембел пристигнува во Партизан?

Кошаркарскиот клуб Партизан и американското крило на центарот, Антонио Кембел, преговараат за трансфер во белградски клуб, објави специјализираниот за кошарка веб-сајт Спортандо.

 

22-годишниот Кембел е висок 206 см и тежок 114 килограми, а претходните четири сезони играше во колеџот Охајо.

Минатата сезона во НЦАА лигата оствари просек од 15,3 поени и 8,3 скока по натпревар.

Ако дојде во Партизан, тој за прв пат ќе го игра во Европа.

Токму Партизан на 29 септември е противник на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во 1.коло од новата сезона во АБА лигата.