Кошарка

18 часа дневно минува во келија, а осуден е на 12 години: Ѕверот од МЗТ гние во затвор во Перу (ФОТО)

Србинот Никола Радојичиќ, кој е поранешен кошаркар на македонските прволигаши Куманово и МЗТ Скопје, веќе извесно време е во затвор во Лима, Перу каде што ја извршува затворската казна поради шверц на дрога.

 

Радојичиќ кој потекнува од школата на Црвена Ѕвезда пред две години беше фатен како шверцува капсули полни со кокаин во стомакот, а судот му изрекол затворска казна од дури 12 години.

Пријателот на Радојичиќ неодамна за српските медиуми изјави дека тој минува 18 часа дневно во келија, а воедно потенцира дека тој е единствениот Европеец меѓу луѓето кои издржуваат казни.

June22916_2

– Никола е 18 часа затворен во келија. Дозволено му е само шест часа да биде во дворот. Затворот има 3.700 затвореници од Јужна Америка, а тој е единствениот Европеец. Тој е дел од посебна група која има свој статус во затворот. Поради физичката издржливост го нарекуваат „ѕвер“, а неговиот живот не е загрозен. Поради фактот дека е од балканските простори, тој е многу почитуван, вели неговиот пријател.

Радојичиќ настапуваше за МЗТ во 2009 година, а потоа, во сезоната 2010/11 го носеше дресот на Куманово и во тимот издржа неколку месеци.

nikola-radojicic-1408059168-551337