среда, 26. септември 2018. Вести денес: 1
home Фудбал

Зидан најдобар француски тренер за 2017 година

Зидан најдобар француски тренер за 2017 година

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е прогласен за најдобар француски стратег за изминатата 2017 година, во изборот што го направи реномираниот „Франс Фудбал“.

Зидан минатата година оствари значајни резултати со Реал Мадрид, а годината ја заврши со пет освоени трофеи.

Французинот ги предводеше „Кралевите“ до шампионската титула во Шпанија, а веднаш потоа и до европска круна, односно триумфираше во Лигата на шампионите.

Новата сезона Зидан и Реал ја започнаа со триумф во Суперкупот на УЕФА одигран во Скопје, а потоа го освоија и Суперкупот на Шпанија. Годината Реал со францускиот стратег ја круниса со триумфот на Светското клупско првенство.

– Среќен сум поради наградата. Ова е круна за досегашната работа која ја направивме, не само јас туку и сите во клубот. Се надевам дека ќе се вратиме брзо на победничките патеки, изјави Зидан.

Во последно време неговиот тим игра под очекувањата, а резултат на таквата игра е заостатокот од дури 16 бодови зад лидерот Барселона во трката за титулата во Ла Лига.

Инаку за Зидан ова признание е втора индивидуална награда за изминатата 2017 година, откако Французинот беше прогласен и за најдобар тренер во изборот на ФИФА.