Фудбал

Втор пораз на младата фудбалска селекција до 19 години од БиХ

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години вторпат е поразена од соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Mакедонските надежи кои во вторникот загубија со 3:0, денеска се поразени од нивните босански врсници со 1:0.

Единствениот гол на мечот кој се одигра во Зеница, го постигна Никола Костанчиќ по соло акцијата, кога во 20.минута украде топка на 40-тина метри од гостинскиот гол, па со прецизен удар од далечина преку 20 метри го совлада нашиот голман.

Македонските надежи во вториот дел имаа можност за израмнување. Марио Наумовски во 60.минута изби сам пред домашниот голман, кој со брза рефлексна интервенција успеа да ја сочува својата мрежа.

До крајот на мечот немаше посериозни шанси за гол, па на крајот остана резултатот Босна и Херцеговина – Македонија 1:0.