Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Млад фудбалер го оживуваа десет минути во Хрватска (ФОТО+ВИДЕО)

Англичанецот Оукли-Бут се сруши на тревата како покосен, а медицинскиот тим веднаш втрча во терен каде десетина минутиа траеше давањето помош. Во болница дошол при себе и веднаш прашал за резултатот од натпреварот.

 

Во полуфиналниот натпревар од Европското првенство до 17 години кое се одржува во Хрватска, Англија и Турција меѓу себе играа во Запрешиќ.

Финалето ќе го види Англија, која победи со 2:1, но тоа во моментов им е во втор плат после ужасните сцени во кои се најде нивниот играч.

Во 26 минута во првото полувреме, крилниот играч на Англија, Ташан Оукли-Бут, доживеа лоша повреда после дуелот со со Хасан Адигузел. Доби удар со лакт во вратот.

Се сруши на тревата како покосен, а медицинскиот итм веднаш втрча на теренот каде десет минути траеше давањето помош на младиот играч на Тотенхем, откако остана без свест.

Несреќниот играч веднаш беше пренесен во болница, а првиот информации говорат дека откако дошол во свесна состојба, веднаш прашал за резултатот.