Фудбал

ВИДЕО: Засилувањето од 40 милиони евра се избрука на презентацијата, ниту еден дрес се уште не е продаден од него

Размислував дали да дојдам или не, затоа што во Кина бев среќен, вели Паулињо. Фан шопот не продал ниту еден негов дрес?!

 

Паулињо пред неколку дена и официјално беше потврден како ново засилување. Каталонците за него на Гуангжу му платија 40 милиони евра.

-Сонот ми се оствари. Сакам да им помогнам на соиграчите, а дојдов за да освојам титула, кажа Паулињо и додаде:

-Размислував дали да дојдам или не, затоа што во Кина бев среќен, но овде може да си зголемам самодовербата и да освојувам трофеи. Причината поради која дојдов не се парите, туку Барселона.

Инаку, навивачите не се баш воодушевени од засилувањето, кое баш и не се прослави на претставувањето. Имено, проба да ги покаже своите технички способности, но топката веднаш му побегна.