Фудбал

ВИДЕО: Пандев во Скопје очекува финале помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус, Ѓорѓиоски меѓу Јунајтед и Баерн

На денешната прес конференција во Скопје беше претставен амбасадорот на УЕФА Супер купот во Скопје кој ќе се одржи на 8 август годинава. Горан Пандев како нов амбасадор искрено порача дека Македонија ќе биде домаќин на голем спектакл.

 

-Паровите во Лига Европа и во Лигата на шампионите мислам дека имаат многу атрактивни клубови и се надевам дека во Скопје на Супер купот ќе играат победниците од Лига Европа Манчестер Јунајтед и од Лигата на Шампионите еден од клубовите како што се Јувентус или Барселона, вели Пандев.

Пандев потенцираше дека овој Супер Куп во Скопје е едно големо случување и ја имаме големата чест да го гледаме овој спектакл.

-Искрено јас би сакал во финалето да се најдат Манчестер Јунајтед од Лига Европа и Баерн Минхен од Лигата на шампионите, но тоа се само желби рече претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски.