Фудбал

ВИДЕО: Изречена казна за претседателот на Сион кој удри коментатор

Претседателот на швајцарскиот фудбалски клуб Сион, Кристијан Константин е казнет со 14 месеци забрана да ги извршува раководни функции, поради удирање шамар на телевизиски коментатор.

Дисциплинската комисија на Швајцарската фудбалска лига го разгледуваше случајот и донесе тешка санкција. Константин за периодот на казната нема право да влегува на стадионите.

Тој, исто така е казнет со 100.000 швајцарски франци.

Претседателот на Сион го удри коментаторот и поранешен селектор на Швајцарија, Ролф Фрингер по натпреварот на Сион против Лугано на 21 септември.

Фрингер го навлече гневот на претседателот на Сион со тоа што го нарече „нарцис“.