Фудбал

ВИДЕО: Фалкао откри што им кажал на Перуанците

Капитенот на колумбиската фудбалска репрезентација Радамел Фалкао им кажа на медиумите во Јужна Америка што им зборувал на перуанските репрезентативци за време на нивниот вчерашен дуел во квалификациите за СП 2018.

-Знаев што се случува на останатите натпревари и во тие моменти се обидов тоа да им го пренесам на фудбалерите на Перу, изјави Фалкао.

На натпреварот одигран во Лима, Колумбија поведе, а Перу изедначи во 76.минута. Тој резултат (1:1) им одговараше на двете репрезентации, бидејќи Парагвај губеше од Венецуела, а Чиле од Бразил. Во тие моменти Фалкао пријде до неколку противнички играчи им ја соопшти поволната вест, а тоа од медиумите се протолкува како договарање резултатот да остане ист.

Неспортскиот потег на Фалкао предизвика бес кај навивачите на Чиле и пошироко.