понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 23
home Фудбал

Венгер се соочува со казна

Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер со соочува со казна откако дисциплинската комисија на ФА поведе постапка за неговото непримерно однесување на последниот натпревар на „топџиите“ (ВБА - Арсенал 1:1)
Венгер се соочува со казна

Францускиот тренер беше лут и реагираше недоличнооткако на натпреварот одигран во неделата против неговиот тим беше досуден пенал во последните минути. По тој пенал ВБА стигна до изедначување.

Постапката е и за тоа што Венгер имал и коментар за судењето на тој натпревар, а во соопштението на ФА се наведува дека во судиската соблекувална било насилно.

Венгер до петок до 17 часот има право да одговори на обвинувањата.