Фудбал

Вардар без Велковски и во реваншот против Малме

Стратегот на македонскиот фудбалски шампион, Вардар Гоце Седлоски и за реванш дуелот против шведски Малме, нема да може да смета на услугите на Дарко Велковски.

Поради повреда на задната ложа, младиот репрезентативец нема да биде во комбинација ни на натпреварот во Струмица, а најверојатно Вардар ќе остане и без крилниот играч од Грузија, Џигаури кој исто така има повреда.

Реванш дуелот меѓу Вардар и Малме ќе се одигра во вторник со почеток во 18.00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица. Првиот меч одигран во Малме заврши без победник, 1-1.