Фудбал

Вардар без еден од главните дефанзивци на мечот со Зенит

Евгениј Новак нема да може да му помогне на Вардар во утрешниот меч против Зенит во Лигата на Европа.

 

Украинецот има повреда поради која ги пропушти последните два меча на „црвено-црните“, па стручниот штаб во консултација со лекарскиот тим решија Новак да не биде во тимот.

Во стартниот состав и ќе мора да се бара алтернатива, а исто така не е потполно подготвен за дуелот во Лига Европа.

Македонскиот првак Вардар има проблем пред стартот на групната фаза на Лига Европа и првиот натпревар со Зенит, затоа што нема да може да смета на еден од главните стопери, Евгениј Новак.

– Новак е повреден и веројатно нема да игра утре, но имаме квалитет за да го замениме, потврди вардаровиот тренер Јаневски.

За местото на Новак, кој заедно со капитенот Грнчаров ја сочинуваат последната одбранбена линија, тренерот Јаневски ќе решава меѓу Дарко Велковски и Висар Муслиу, кој ќе го замени Украинецот.

Велковски доби шанса да игра во Турција против Фенербахче, на местото на Грнчаров и потполно ја оправда добербата од Јаневски.