вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 112
home Фудбал

Ван Бастен ќе ја предводи делегацијата на ФИФА во Скопје

Ван Бастен ќе ја предводи делегацијата на ФИФА во Скопје

Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен во улога на директор за технички развој во ФИФА, ќе ја предводи делегацијата на Светската куќа на фудбалот по повод отворањето на сместувачкиот капацитет во комлексот „Куќа на фудбалот“ задутре во Скопје, информираат од ФФМ.

Покрај легендарниот голгетер Ван Бастен, гости на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски ќе биде и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, директорот на одделот за Национални асоцијации при УЕФА, Зоран Лаковиќ и Бјорн Васало, директор на Национални селекции при ФИФА.

Новиот објект во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови. Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија.

Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.