Фудбал

Утре се игра натпреварот за историја на македонскиот фудбал: Вардарци заминаа за Истанбул

Вардаровата експедиција предводена од фудбалерите, стручниот штаб и раководството, денеска отпатува во Истанбул каде што утре ќе го одигра реванш натпреварот од плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче, објави Вардар на својот веб сајт.

„Црвено-црните“ денеска ќе одржат и прес-конференција во 18:30 часот по македонско време, а во 19 часот е официјалниот тренинг на Вардар на стадионот „Шукру Сарачоглу“.

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Вардар се игра утре во 19:30 часот. После првиот натпревар нашиот тим има предност од 2:0.

ФОТО: ФК Вардар