Фудбал

Уште три празни места за Мундијалот во Русија

За Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се игра во Русија слободни се само уште три места.

Досега пласман на Мундијалот покрај домаќинот Русија обезбедија следниве 28 репрезентации: Белгија, Германија, Англија, Шпанија, Полска, Исланд, Србија, Португалија, Франција, Швајцарија, Хрватска, Шведска, Бразил, Уругвај, Аргентина, Колумбија, Мексико, Костарика, Панама, Иран, Јужна Кореја, Јапонија, Саудиска Арабија, Нигерија, Египет, Сенегал, Тунис и Мароко.

Вечер по реваншот од плеј-оф меѓу Ирска и Данска (0:0 прв натпревар) ќе се знае 30. патник.

Утре од 10 часот играат Австралија и Хондурас (0:0) по што ќе биде познат претпоследниот учесник на планетарниот собир, а ноќта среда кон четврток по дуелот Перу – Нов Зеланд (0:0) ќе биде затворен списокот на учесници на СП 2018.