Фудбал

Унаи Емери најсериозен кандидат за тренерското место во Рома

Раководните лица на екипата на Рома веќе ја најдоа замената за Лучијано Спалети во наредната сезона.

unai-

Се работи за шпанскиот тренер Унаи Емери, кој има разочарувачка година на клупата на ПСЖ и најверојатно ќе ја промени средината.

Емери ќе има нова шанса да соработува со спортскиот директор Родригез Вердехо „Мончи“, со кого заедно ја донесоа последната титула на Севиља во Лигата на Европа.