петок, 21. септември 2018. Вести денес: 94
home Фудбал

УЕФА ќе го казни ПСЖ поради навивачите

УЕФА ќе го казни ПСЖ поради навивачите

Лошите вести за Пари Сен Жермен не запираат! По повредата на Нејмар, поразот од Реал Мадрид и елиминацијата во Лигата на шампионите, парижаните исто така ќе мора да се грижат за солената казна од УЕФА, што мора да ја платат.

Европската фудбалска централа започна постапка за казна на ПСЖ поради нивните навивачи. За неколку дена, треба да биде колкав ќе биде паричниот износ што францускиот гигант ќе мора да го плати, а од „Марка“ велат дека тој нема да биде мал.

Причината за казната се дејствијата на навивачите за време на осминафиналниот реванш натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Клубот ќе биде испитан за факелите и банерите што ги користеа домаќините.

За време на средбата, која ПСЖ ја загуби со 2:1, приврзаниците на францускиот тим исто така светеле во очите на противничките фудбалери со ласери и стоеле на скалите, а на тој начин ги блокирале излезите.

Реал веќе официјално се пожали на однесувањето на навивачите пред натпреварот. Во ноќта пред натпреварот, група од 50 фанови на ПСЖ се собрале под прозорците на хотелот во кој беа сместени фудбалерите на „белите“. Фановите пееле и направиле неподнослива бучава, по што дојде и до полициска интервенција.