Фудбал

УЕФА ќе го казни Игуаин: Аргентинецот со недоличен гест кон фановите на Барселона (ВИДЕО)

Јувентус синоќа немаше шанси против разиграната Барселона на „Камп Ноу“, „Старата дама“ загуби со 3:0, а Буфон два пати беше совладан од Лео Меси.

Освен головите, еден од поинтересните детали кој фрли дамка на оваа супер фудбалска претстава, беше моментот кога Гонзало Игуаин беше изваден од игра.

Тој повлекувајки се кон клупата, веројатно слушајки дел од скандирањата од домашната публика, кои веројатно беа упатени кон него, тој им покажа среден прст без нималку да се поколеба за таков потег.

После ова, веројатно е можна казна од страна на УЕФА, кој и во минатото знаеше да покаже дека нема да толерира вакви гестови кон публиката.

Измената се случи во 86. минута, а на негово место влезе Фабрицио Калигара.