Фудбал

Трајчевски: Во Тетово против Шкендија да ја завериме Европа

Капитенот на Работнички, Душко Трајчевски, очекува неговиот тим да остане непоразен на неделното гостување во Тетово кај Шкендија со тоа да обезбеди место во евро-куповите следната сезона.

 

– Повредата е минато, се вратив во полн тренажен процес и подготвен сум да одговорам на задачите. Не очекува дуел со Шкендија во Тетово, го респектираме ривалот, но и ќе се обидеме да го искористиме овој негативен психолошки момент за нив, со оглед дека го загубија и финалето на Купот против Пелистер. Сепак, ние си гледаме во нашиот двор, на чекор сме до исполнување на целта, обезбедување на пласман во Европа и следната сезона и ќе сториме се за да останеме непоразени на неделниот дуел против Шкендија, изјави Трајчевски за клупскиот сајт на „романтичарите“.

Во пресрет на 34.коло од Првата македонска фудбалска лига, Работнички се наоѓа на третата позиција на табелата со 53 освоени бода, зад лидерот Вардар кој има 76 и Шкендија која досега собра 65 бода.