Фудбал

Тоти добива директорска функција во Рома

Претседателот на Рома, Џејмс Палота соопшти дека клубот на Франческо Тоти му понудил директорска функција.

Како што соопшти Палота, Тоти добил понуда за шестгодишен договор на директорското место во клубот, откако ќе ја заврши кариерата. Претседателот на римскиот клуб, не сакаше да даде коментар дали 40-годишниот Тоти ќе одигра уште една сезона за „Римската волчица“.

Тоти минатото лето потпиша едногодишно продолжување на договорот, меѓутоа, со оглед на тоа што легендата на Рома добива се помала минутажа, под знак прашалник е тоа дали и идната сезона ќе ја продолжи својата кариера како професионален фудбалер.